Груби не се чуствува навреден околу „лупањето глупости“: Заев зборува за мене, но и за себе

„Заев зборува за мене, но и за себе, одговори пратеникот Артан Груби на забелешката на премиерот Зоран Заев дека политичарите понекогаш лупаат глупости.
– Очигледно изјавата на премиерот се однесува на него, затоа што зборува за себе. Сметам дека тоа е момент на саморефлексија и на зачестена самокритика којашто често е проследена со извинување. Лично сметам дека тоа е доблесна особина на саморефлексија и самокритика – вели Груби.
Оваа реакција на Груби доаѓа по изјавата на премиерот Зоран Заев запрашан од новинарите кое е неговото мислење, односно дали со законот за јазици невистина го обезбедува мирот во државата, Заев за кажаното од страна на Груби рече дека политичарите понекогаш знаат и да лупаат глупости.
1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.