skip to Main Content

Граѓанството и солидарноста во несреќа – што ни покажа, како реагиравме?

Граѓанството и солидарноста во несреќа – што ни покажа, како реагиравме?
  • 14.02.2019

Анита Христовска, која на социјалните мрежи постираше покана во својот стан да ги смести загрижените родители, деца и роднини на повредените во автобуската несреќа, во отвореното Студио 1 вели дека кога слушнала за автобуската несреќа, вели дека како родител, мајка и сопруга, првото на што помислила е дека нејзиното дете патува по тој автопат на скијање. Автобусот секојпат го забележувала на Партизанска каде што живее, а честопати патувала во него кај пријатели во Гостивар.

-Контактирав прво со крводарителите затоа што и јас сум крводарител, да се помогне барем од тој аспект. Околу 1.30 или 2 изутрината однесов чај, кафе и ќебиња поради чувство на солидарност. Беа сами, беше студено, целото тоа исчекување, таа атмосфера, можам само да претпоставам како може да биде, вели таа и додава дека се уште е отворена поканата во нејзиниот дом.

Целиот разговор со Христовска можете да го погледнете во видеото.

Back To Top