skip to Main Content

Градоначалникот на Демир Хисар повикан на разговор во полициска станица

Градоначалникот на Демир Хисар повикан на разговор во полициска станица
  • 09.09.2018

Марјанче Стојановски градоначалникот на општина Демир Хисар од редовите на СДСМ, е повикан на разговор во полициска станица поради заканите кон вработените. Во овој момент Стојановски дава изјава во полицијата, велат извори од истрагата, јавува макфакс.

Тој во пресрет на референдумот, како што можеше да се забележи на видеото кое излезе во јавноста,  им се заканувал на вработените во училиштата дека ќе ги прислушува нивните телефонски разговори и следи што прават и каде одат. Вработените во општината пак добивале закани за преместување од нивните работни места и отпуштања.

 

Back To Top