skip to Main Content

Градоначалникот на Атина доаѓа во посета на Скопје

Градоначалникот на Атина доаѓа во посета на Скопје
  • 24.04.2018

Градоначалникот на Атина, Јоргос Каминис в четврток и петок ќе престојува во Скопје и со скопскиот градоначалник Петре Шилегов ќе потпишат спогодба за соработка меѓу двата главни градови, соопштуваат од општина Атина.

 Ова ќе биде возвратна посета, откако скопскиот и атинскиот градоначалник се сретнаа во Атина на почетокот на февруари.

Веднаш по средбата на Каминис и Шилегов, атинскиот градоначалник го најави потпишувањето на меморандумот за соработка при посетата на Скопје.

Тогаш, Каминис рече дека со Шилегов, ги поврзува и нивната политичка ориентација, и двајцата се социјалдемократи, но најважно од сѐ е волјата за соработка.

„Време е подобро да се запознаеме“, беше порака што атинскиот градоначалник, ја испрати до македонските граѓани по средбата со неговиот колега од град Скопје

Back To Top