skip to Main Content

Градоначалникот Богдановиќ сведочи за „Насилство во Центар“

Градоначалникот Богдановиќ сведочи за „Насилство во Центар“
  • 29.10.2018

Со сведочење на градоначалникот на Центар Саша Богдановиќ, денеска во Кривичниот суд продолжи судењето за насилствата пред општинската зграда на 10 јуни 2013 година.

Претходното рочиште што беше закажано за 16 октомври беше одложено поради отсуство на обвинетиот Александар Брајковски, кој до судот доставил поднесок дека во тој период имал закажано седница на општина Гази Баба, каде тој е советник.

На ова реагираше обвинителката Фатиме Фетаи која кажа дека причините за отсуство на Александар не се оправдани и се со цел да се одоговлечи судењето. Таа предложи судијата да нареди присилно приведување на Брајковски.

Во предметот на СЈО „Насислтво во Центар“ обвинети се лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, пратеничката Даниел Рангелова и уште 11 други лица.

Back To Top