skip to Main Content

Го има ли Заев потребното мнозинство за уставните измени?

Го има ли Заев потребното мнозинство за уставните измени?
  • 03.01.2019

На само неколку денови до 9 јануари за кога е закажана собраниската седница за уставните измени премиерот Зоран Заев вели дека ги нема потребните 80 гласови за конечото гласање. Од утре ќе ги почне преговорите со опозицските партии на албанците БЕСА на Билал Касми и Алијансата на Албанците на Зијадин Села со цел да ја обезбеди нивната подршка од вкупно 4 пратеници.

„Ќе сторам се до последен момент за да обезбедиме двотретинско мнозинство и тоа ќе го соопштиме на јавноста во моментот на гласањето, или ќе споделиме задоволство од тоа што е постигнато или ќе ја понесеме одговорноста на целиот фокус што го дадовме на интеграциите, дополни Заев, напоменувајќи дека е оптимист пред се, заради одговорноста на сите пратеници и на извршната власт, дека има одлични шанси процесот да заврши успешно. Ќе разговараме за се за што тој смета дека треба да разговараме, но мене ми е драго што евроинтеграциите се приоритет на Беса и Алијансата на Албанците  од кои како недвојбени поддржувачи на интеграциските процеси на Македонија очекувам сериозност и одговорност“, рече Заев.

Заев за писмото на генералниот секретар на НАТО Столтенберг вели дека е едно охрабрување кое им дава на знаење и на Грција и на Македонија колку е вреден Договорот од Преспа. Верува дека до крајот на јануари и двете страни ќе го ратификуваат Договорот од Преспа.

Зошто би чекале кон средината или крајот на февруари? НАТО може да го достави протоколот за ратификација во грчкиот парламент и кон крајот на јануари или почетокот на февруари, рече Заев.

Според Заев во овој момент на државата не и се потребни предвремени парламнетарни избори, кои евентуално би се одржале заедно со претседателските.

Весна Велкова Тодоровска

Back To Top