skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Обвинителството го стави под лупа бегството на Груевски
1ТВ ја презеде медиумската лидерска позиција
Европските Зелени го обвинуваат Орбан дека се обидува да предизвика конфликт
Заев: Груевски е кукавица, категорично ги отфрлам сите шпекулации за каков било политички договор со него
Груевски илегално влегол во Албанија, а со пасош излегол на границата со Црна Гора
Иванов одбива каква било инволвираност во врска со донесената судска одлука за Јанакиески
Заев-Борисов: Нашите две земји се пример за новата реалност на Балканот
1ТВ достапна на Тотал ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK

Гостиварското обвинителство гони неколкумина за полов напад врз малолетник

Гостиварското обвинителство гони неколкумина за полов напад врз малолетник
  • 27.10.2018

Гостиварското обвинителство поведе постапка против тројца за кои постои сомневање дека во повеќе наврати полово нападнале малолетник, информираат од обвинителството. Моменталчно, по наредба на јавен обвинител се вршат вештачења, преку кои според ОЈО, ќе бидат обезбедени докази и ќе се добијат насоки за утврдување на фактите.

„Во вршењето на ова кривично дело учествувале осомничените, но и други лица за кои во моментов се преземаат дејствија за нивно пронаоѓање и идентификација. Детето на возраст од 13 години било во повеќе наврати злоупотребувано од страна на возрасни лица. до овој момент е утврден идентитетот на петмина сторители, од кои тројца се лишени од слобода, за двајца е распишан распис за нивно пронаоѓање. Надлежниот јавен обвинител издаде наредби и насоки за натамошно утврдување на меѓусебната поврзаност помеѓу инволвираните осомничени. Според првичните информации  постои веројатност во предметот да бидат опфатени и други лица“, соопштија од обвинителството.

Детето  е згрижено од Центарот за социјални работи.

„Ценејќи дека се исполнети условите  предвидени во член 170 од Законот за кривична постапка, а особено земајќи ја во предвид видот и висината на запретената кривична санкција – казна затвор од најмалку 12 години за ова кривично дело, надлежниот јавен обвинител достави предлог до Основниот суд Гостивар  за определување на краткотраен притвор за трите лица“, велат од ОЈО.

Гостиварското обвинителство, информира, дека продолжува да презема интензивни активности за целосно расчистување н случајот.​

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top