skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
ДКСК: Заев не може да биде премиер и министер за финансии
Заев: Го повлекувам предлогот да бидам и министер за финансии, иако уставот и законите го дозволуваат тоа
Атанасов: Сакав да бидам министер, бидејќи во образованието се прави малку
Весел Мемеди ќе поднесе оставка од функцијата потпретседател на Собранието
Шекеринска: Северна Македонија ќе учествува на сите сензитивни дискусии во НАТО
Димитров: Бугарија и Македонија ќе најдат начин низ пријателство и почит да го решат прашањето за Гоце Делчев
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Годишен извештај на Народниот правобранител: Граѓаните најмалку му веруваат на судството

Годишен извештај на Народниот правобранител: Граѓаните најмалку му веруваат на судството
  • 27.03.2019

Според годишниот извештај на Народниот правобранител, во измината година граѓаните искажале најголема недоверба кон судската власт. Состојбите не се многу променети и во работните односи, казнено-поправните установи, дискриминацијата, социјалната заштита и сигурност.

За сите дваесеттина области кои се во фокус на извештајот, заедничко е е неоправданото одложување на постапките и во многу случаи незаконското одлучување по барањата на граѓаните.

-Бројот на поднесени претставки во врска со правосудството скоро двојно е зголемен. Долгото траење на постапките е основен проблем за кој се бара заштита, а голем е и бројот на претставки во кои граѓаните изразуваат незадоволство од судските одлуки, за кои сметаат дека се донесени пристрасно, селективно, под притисок и политичка мотивираност, вели заменикот народниот правобранител Васка Бајрамовска.

Како што вели, не е сменета на подобро ниту ефикасноста на Јавното обвинителство и имало случаи кога кривичната пријава била отфрлена поради апсолутна застареност за кривично гонење. Според неа, ова е показател за пасивноста и неефикасното преземање дејствија во предистражната и истражната постапка од Обвинителството.

Во годишниот извештај се наведува дека за околу 60 проценти е зголемен бројот на поднесени претставки во врска со правата од работен однос. Граѓаните најчесто барале заштита поради повреда на правата во постапките за вработување, исплата на плати и други надоместоци, за распоредување на вработените, за престанок на работниот однос и сл.

-Во оваа област констатиравме дека продолжува праксата на партиски реваншизам, после спроведување на кои било избори, што беше особено видливо во сферата на образованието и детската заштита, како при изборот на кандидати за вработување, така и при трансформацијата на работниот однос на вработените од определено на неопределено време и во однос на продолжување на договорите за работа”, рече Бајрамовска.

Благ пораст има на претставките за дискриминација по основ на политичка припадност, етничка основа, како и заштита од мобинг на работно место.

Во извештајот се констатира дека во областа на социјалната заштита, висината на помошта на граѓаните кои егзистираат од овие средства е далеку од реалните потреби и не придонесува за надминување на ризикот и сиромаштијата кај тие семејства. Бездомништвото останува и понатаму проблем за кој не е изнајдено решение, се наведува во извештајот.

Состојбите не се значително променети и во областа на казнено-поправните установи, во однос на условите за сместување, храната, хигиенските и санитетските услови, а тука е и проблемот со несоодветен стоматолошки третман на лицата во затворите. Зголемени се претставките и во однос на полициските овластувања, особено на поплаки за тортура, непрофесионално или несоодветно однесување на полициските службеници.

Во односот на правата на дететосостојбите се алармантни особено во делот на училишното насилство, сместувањето на децата, големиот број абортуси и раѓања од страна на деца, непочитување на стандардите за бројност на групите во детските градинки итн.

Во извештајот се наведува дека и годинава продолжила праксата приватните здравствени установи на пациентки да им наплаќаат парични средства за извршени прегледи во текот на бременоста и за лабораториски анализи, кои според Програмата за активна здравствена заштита на мајки и деца се бесплатни.

Бројот на претставки од граѓаните опаѓа во делот на потрошувачките права, а расте во делот на урбанизам и градба, каде се забележува дека поголемиот број постапки за легализација на бесправно изградени објекти се се уште во тек, иако изминува осмата година откако е започнат овој процес.

Back To Top