Говорот на омраза во етерот и како да се едуцираме – тема на „Студио 1“ со Елена Трифуновска од „Метаморфозис“

Социјалните мрежи се еден вид аквариум со различни риби и секоја дејствува внатре на различен начин. Според Елена Трифуновска од „Метаморфозис“, станува тренд да се пријавуваат дискриминацијата и говорот на омраза за да се спречи да се развиваат, но важна е и техничката неутралност. Поточно, колку брзо се развива информатичката технологија, исто толку брзо треба да се развиваат и да се приспособуваат и тие механизми, но едукацијата на корисниците не ја следи секогаш брзината на технологијата. Како што вели Трифуновска, клучна е едукацијата на корисниците на социјалните мрежи. Децата се повеќе и порано почнуваат да ги користат, но и постарите корисници не се научени и потешко ја учат примената на механизмите.
-Состојбата е проблематична со оглед на тоа колкав број од нас секојдневно користиме социјални медиуми и колку време поминуваме на нив и каков тип на информации не интересираат или со какви информации не таргетира оној што ги пласира, смета Трифуновска.
Случаите на говор на омраза на интернет и во медиумите се пријавуваат во Основното јавно обвинителство и во Единицата за борба со компјутерски криминал во МВР. Нивните и извештаите на „Фридом Хаус“ и на „Репортери без граници“ покажуваат дека случаите не се процесуираат на начинот на којшто предвидува законот, вели Трифуновска.
-Ако ја погледнеме статистиката на Советот за етика, на трето место се пријавите од граѓаните за прекршувања на говор на омраза од вкупниот број на пријави што ги имаат добиено и во 30% од решените случаи токму говорот на омраза е причина за пријавата, вели Трифуновска.
Како што вели Трифуновска, не треба да се мешаат говорот на омраза со клевета и навреда затоа што првото го користат индивидуите, а второто правни лица со цел да нанесат штета.
1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.