skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Катица Јанева ќе одлучува дали ќе ги изземе Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски од „Титаник 3“
Петнаесет-годишно момче се удави во Пчиња
Пожарот кај Пинтија ставен под контрола
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Генимата: Сакаме решение, но не било какво

Генимата: Сакаме решение, но не било какво
  • 10.09.2018

Позициите на Движењето на промена во однос на економијата, но и за Договорот од Преспа ги претстави претседателката на партија во нејзиниот говор во рамките на Меѓународниот саем во Солун.

Фофи Генимата го повтори ставот дека тие поддржуваат решение, но не било какво, а посебно не се согласуваат околу македонскиот идентитет и јазик. Лидерката на движење на промена, кое е коалиција на централно левичарско ориентирани партии меѓу кои и ПАСОК, ја обвини грчката влада дека во надворешната политика „се движи без компас“ и „се повлекува пред меѓународниот притисок и на избрзан начин се обидува да ги затвори прашањата“.

– На ист начин се справи и со прашањето за името на Скопје. Ние уште од почеток разјаснивме дека сакаме решение, но не било какво решение. Но, ние комплетно бевме и сме против отстапувањата од грчката влада за критичните прашања на македонската националност и јазик. Ако беше така, прашањето ќе беше веќе решено од владите на ПАСОК, рече лидерката на Движење на промена.

Фофи Генимата во нејзиниот говор, говорејќи за економијата и актуелната ситуација во Грција порача дека она што и е потребно на земјата во овој момент се избори.

Back To Top