skip to Main Content

Ганиу бил на концерт со Ахмети – демантира дека бил тепан

Ганиу бил на концерт со Ахмети – демантира дека бил тепан
  • 30.04.2018

Градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, реагираше по објавите во неколку медиуми, кои објавија информација дека тој бил претепан од сопартијци, припадници на различно крило во ДУИ. Ганиу во изјава за „Фокус“ ги демантира овие објави и вели дека бил на концерт токму со партискиот лидер, Али Ахмети.

„Не е точно дека ме нападнале, не знам зошто се измислуваат вакви работи. Вчера бев на концерт на Инва Мула, а таму беше и лидерот Али Ахмети. Се објавува и дека ме претепала група на Бекир Асани, но ова не е точно, помеѓу нас нема расправии, сите сме дел од централното раководство на ДУИ“ – изјавил за „Фокус“ градоначалникот Ганиу.

Медиумите кои ја објавија ова информација се повикуваат на извори од општина Чаир. Пишуваат дека нетрпеливоста која долго време постоела во структурите на ДУИ, особено во чаирскиот огранок, испливала на површина со тоа што група неидентификувани лица, припадници на една од фракциите во Чаир, го претепала градоначалникот влечејќи го низ ходниците на општината зграда.

Back To Top