skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Јанева со полициска придружба замина за Гевгелија
Законски нејаснотии кој ќе управува со СЈО по приведувањето на Јанева
Судењето за „Монструм“ одложено за 5 септември
Се запали автубус на ЈСП во Ѓоче Петров
Косовското Собрание се самораспушти, се очекува датумот за избори
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

„Газета експрес“: Новиот граничен премин меѓу Косово и Северна Македонија ќе се отвори во август

„Газета експрес“: Новиот граничен премин меѓу Косово и Северна Македонија ќе се отвори во август
  • 24.05.2019

Новиот граничен премин меѓу Косово и Северна Македонија „Белановце-Станчиќ“ ќе биде пуштен во употреба во август годинава, објави денеска порталот „Газета експрес“.

Информацијата за порталот ја потврдил официјален извор од косовското Министерство за внатрешни работи, наведувајќи дека досегашните одлагања за отворање на преминот биле поради тоа што Северна Македонија првпат отвора заедничка гранична точка.

– Ова е првпат во Република Северна Македонија да се отвора заедничка гранична точка, затоа што во тој правец македонската страна имаше недостиг на легислатива за реализација на проектот и беше потребно доста време за донесување на законската инфраструктура, поради што доцнеше имплементацијата, вели изворот на „Газета експрес“.

Иницијативата за отворање на граничниот премин потекнува од 2011 година, а неговата изградба, со финансиска помош од Европската унија (ЕУ), започна во јуни минатата година, кога беше поставен камен темелникот од страна на вицепремиерите на двете земји, Бујар Османи и Енвер Хоџај и амбасадорот на ЕУ во Скопје, Самуел Жбогар.

Приштинскиот портал наведува дека жителите на кумановскиот регион во Северна Македонија и гниланскиот во Косово постојано се жалеле поради нереализацијата на проектот, затоа што биле принудувани да патуваат и по сто километри за, преку граничниот премин Блаце, да стасаат до местата на другата страна на границата, кои се инаку многу блиску едно до друго.

Отворањето на оваа гранична точка, пишува „Газета експрес“, има стратешко значење поради географската позиција која ги поврзува трите држави, Косово, Северна Македонија и Србија, од аспект на развојот на економијата и трговија, движењето на луѓе и стоки и друго.

Back To Top