Втор ден жестока комисиска расправа за одземање на пратеничкиот имунитет на Трајко Вељаноски

Пратениците на власата и опозицијата жестоко ги разменуваат аргументите за и против одземање на пратеничкиот имунитет на екс собранискиот спикер на Законодавниот дом Трајко Вељаноски. опозициските пратеници се сомневаат дека власта им дала листи на следните на кои треба да им се симне имунитетот.
За две години обвинуваат дека осум народни избраници останале без пратеничка заштита. За Вељаноски образложуваат – ако сакал да влијае врз сведоци имал време, а досега можел и да се даде во бегство, потенцирајќи дека е присутен во Собранието. Претседателот на комисиската седница Павле Богоевски не е запознаен за листата, возврати – иако Вељаноски бил 10 години прв човек на Законодавниот дом, спепак мораат да постапуваат по судското барање.
Наместо тематска распарава на комисијата, пратениците дискутираа и за реформите, правосудството, здравството, меѓу другите актуелни теми и исчезнатите луѓе. опозициските пратеници негодуваат дека политичарите во затворите веќе имаат отворена закана. Нивните колеги од владејачкото мнозинство ги потсетуваат за собраниските инциденти.
Опозициските народни избраници сметаат дека власта со одземањето на пратеничките имунитети се обидува да ги заплаши.
Испратија порака колективно да им биде симнат имунитетот на сите, а Богоевски им возврати дека тоа не е наведено во деловникот.
Игор Стефановски
1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.