skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Обвинител врши увид на местото на железничка несреќа во Хиподром каде што во судир на воз и автомобил загина припадник на МВР
Пет дена за барање за амнестија, законот не важи за организаторите и насилниците на упадот во Собранието
Во Кривичен продолжува судењето за „Титаник“
Продолжува комисиската расправа за предлог амандманите на Уставот
Димитров во Брисел на средба на КОРЕПЕР
1ТВ достапна на Тотал ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK

Втора дебата за уставните измени: Остануваме Македонија, добиваме додавка – Северна

Втора дебата за уставните измени: Остануваме Македонија, добиваме додавка – Северна
  • 06.12.2018

Граѓаните денеска прашуваа, премиерот Заев одговараше за измените во Уставот произлезени од Договорот со Грција. Се пожалија дека најмногу ги боли тоа што ќе бидеме Република Северна Македонија. Според Премиерот, колку и да е голема болката Договорот е фер и праведен, бидејќи се овозможува Македонија во иднина да нема отворени билатерални прашања кои ја кочеа евроинтеграциската иднина на државава.

-Со тоа што ќе го смени името, дека ни гарантира подобар живот, јас во Европа живеам веќе 10 години и не верувам дека ќе дојде подобриот живот затоа што моите деца ќе треба да се викаат Северномакедонци и не би се сложила на тоа. Секој ден се будам со истата мисла – во нивниот извод пишува Македонци, а сега ќе ги нарекуваат Северномакедонци. Не се сложувам и сакам да ми објасни како се чувствува за неговите деца кога ќе се запишат како Северномакедонци, праша една граѓанка.

-Не ми е лесно и на мене. Не добивам ништо, сѐ што имам ми е овде, во Македонија. Но сакам на моите, вашите и нашите деца да им отвориме перспектива, па да имаат опција, да изберат. Од татковци и дедовци така ни е нас пренесено, ние исто мораме на нив да им пренесеме подобар живот, одговори премиерот Заев.

На вториот ден од дебатата за уставните измени беше речено дека со Договорот со Грција се овозможува почитување на правото на самоопределување, давајќи ни шанса да зборуваме македонски јазик кој иако е признаен во 1977 година, ЕУ ни се обраќаше со вашиот народ, вашиот јазик, наместо македонски народ и македонски јазик.

-При вакви околности, треба уште еднаш да потенцирам дека тоа е тоа што вгнездува непријатни чувства кај нас, граѓаните на Р. Македонија. Ама е факт дека од тој историски регион Македонија ние сме северниот дел. Факт е дека немаме аспирации да ја окупираме Грција, Бугарија или Албанија, да ги напаѓаме другите земји. Немаме таква аспирација. Нема ниту еден политички субјект, ниту една организација во државата која има територијални аспирации кон кој било од соседите или која било друга земја. Единствените аспирации што така се изнедрени на површина е да ги отвориме границите, изјави Заев.

-Каде одиме? Одиме во НАТО, одиме во ЕУ, на стабилен Балкан и нов сојузник – Грција. Одиме на стабилизација, рече поранешниот амбасадор во НАТО Нано Ружин.

И денеска беше потенцирано дека амандманите ќе стапат на сила кога Договорот и Протоколот за пристапување во НАТО ќе бидат ратификувани од страна на Парламентот на Република Грција. Доколку грчкиот парламент не ги изгласа, тогаш нема да има ништо од предвидените амандмани.

Весна Велкова Тодоровска

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top