skip to Main Content

Временска најава за следниот период на Славчо Попоски – погледнете што не чека

Временска најава за следниот период на Славчо Попоски – погледнете што не чека
  • 02.11.2018

За време на викендот како и на почетокот на следната недела под периферно влијание на циклонски систем и поле на низок воздушен притисок кој ќе биде распространет над Атлантикот како и над западна Европа времето во нашата држава ќе биде умерено, локално и значително облачно со услови за слаби локални врнежи од дожд особено во понеделник.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно одс југоисточен правец.

Температурите на воздухот ќе бележат тенденција на мало опаѓање и веќе на почетокот на следната недела максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 22 степени што значи и понатаму ќе бидат над просекот за месец ноември.

Подготви: Славчо Попоски

Back To Top