skip to Main Content

Во 14 часот на јавна седница во Апелација ќе се одлучува за жалбата на Камчев

Во 14 часот на јавна седница во Апелација ќе се одлучува за жалбата на Камчев
  • 27.12.2018

Апелациониот суд ќе одржи јавна седница по жалбата за притворот на Орце Камчев – еден од осомничените во случајот „Империја“ на СЈО. Седницата е закажана за 14 часот.

Се уште нема информација дали за притворот на Сашо Мијалков ќе се одлучува во Основниот суд каде е поднесена и гаранцијата од имот вреден милион евра, или пак за него ќе одлучува Апелација.

Од судот велат дека мислењето на СЈО не е обврзувачко, бидејќи тие одлучуваат по жалбите на осомничените и обвинетите.

Back To Top