skip to Main Content

Во четврток одлука дали ќе биде разрешена Јанева

Во четврток одлука дали ќе биде разрешена Јанева
  • 27.08.2019

Советот на јавни обвинители в четврток ќе ја донесе одлуката за тоа дали ќе ја почне постапката за разрешување на шефицата на СЈО Катица Јанева поради нестручно и несовесно работење.

Седницата на Советот траеше речиси осум часа, а претседателот на Советот на јавни обвинители Коле Штериев изјави дека тој и останатите членови на Советот успеале единствено да ги разгледаат списите, огромен број материјали кои до нив биле доставени во однос на истрагата за случајот „Рекет“ за кој на Јанева и е одредена мерка притвор.

Најави дека со работа ќе продолжат в четврток во 10 или 10.30 часот кога, како што рече, очекува да биде донесена одлука дали тие ќе ја почнат постапката за разрешување на Катица Јанева.

Back To Top