skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Хан ја повика ЕУ да отвори преговори со Северна Македонија во најбрз можен рок
Могерини: Се надевам на позитивна одлука за преговори со Северна Македонија и Албанија
Рама: Пендаровски е претседател со кој треба да се гордееш, Мета не тера да се чувствуваме засрамено
Од денеска нови регистарски таблички со NMK
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Во посета на Македонија доаѓа и Жан Аселборн

Во посета на Македонија доаѓа и Жан Аселборн
  • 05.09.2018

Во официјална посета на Македонија утре ќе допатува и министерот за надворешни работи на Големото Војводство на Луксембург, Жан Аселборн, соопшти Министерството за надворешни работи.

Аселборн ќе се сретне со неговиот македонски колега Никола Димитров, а тема на разговорите меѓу делегациите на двете земји ќе биде развојот на севкупната билатерална соработка меѓу двете земји, надворешно-политичките приоритети на Македонија, како и актуелните внатрешни состојби со акцент на подготвителните активности за референдумот.

Исто така, предвидено е двајцата министери да ја потпишат Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Големото Војводство на Луксембург за размена и заемна заштита на класифицирани информации.

Министерот Аселборн ќе се сретне и со заменик претседателот на Владата за европски прашања, Бујар Османи, а ќе биде примен и од премиерот Зоран Заев.

Во посета на Македонија денеска допатува генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, во петок доаѓа австрискиот канцелар Себастијан Курц, а во сабота, симболично за денот на независноста, и германската канцеларка Ангела Меркел.

Back To Top