skip to Main Content

Во петок седница за реконструкција на Владата

Во петок седница за реконструкција на Владата
  • 28.05.2018

Во петок собраниска седница за реконструкција на Владата. На дневен ред ќе бидат избор на нови членови на Владата, што мора да заврши до полноќ, а како втора точка е избор на заменици министри.

Изборот на нови членови на Владата се поклопува со годишнината од формирањето на новата Влада на премиерот Зоран Заев. За нови министри се предложени Рената Дескоска за правда, Арбр Адеми за образование, Асаф Адеми за култура и Бардил Даути без ресор.

За заменици министри се предложени Андреј Жерновски за заменик министер за надворешни работи, Асим Муса за заменик министер за здравство, Ѓонул Бајрактар за заменик министер за труд и социјална политика и Садик Беќири за заменик министер за транспорт и врски.

Деталите за одржувањето на седницата беа дефинирани на денешната редовна понеделничка средба на претседателот на Парламентот Талат Џафери со координаторите на пратеничките групи, на која повторно не присуствувал претставник на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно, за четврток во Собранието веќе е закажана седница за пратенички прашања во Собранието.

Back To Top