skip to Main Content

Во Охрид сите избирачки места отворени навреме, гласањето се одвива непречено

Во Охрид сите избирачки места отворени навреме, гласањето се одвива непречено
  • 21.04.2019

Во Охрид покрај на претседателските, граѓаните ќе гласаат и на предвремени избори за градоначалник, распишани поради смртта на градоначалникот Јован Стојаноски. Охриѓани ќе можат да се изјаснуваат за еден од петмина кандидати.

Според Општинската изборна комисија, сите 88 избирачки места во општина Охрид се отворени навреме, а гласањето се одвива непречено и без проблеми.

Како што појасни Климент Камнароски, претседател на ОИК, на единствениот избирачки список во Општина Охрид за избор на градоначалник се запишани 52.273 гласачи, а за претседател 52.193. Разликата е поради запишаните гласачи во дијаспората.

Камнароски уште додаде дека во Охрид своето право на глас вчера го искористиле 121 болно лице, едно лице во куќен притвор, 19 затвореници гласале за претседател на државата, а седум за градоначалник.

Back To Top