skip to Main Content

Во нива најдено тело на 21-годишно момче од гостиварско

Во нива најдено тело на 21-годишно момче од гостиварско
  • 27.05.2018

Вчеравечер околу 19 часот во нива покрај ул„ЈНА“ кон излезот на Гостивар било пронајдено тело напочинато машко лице, соопшти МВР. Телото било речиси во фаза на распаѓање.
Увид на местото извршиле Јавен обвинител, екипа од Полициската станица Гостивар и лекар по судска медицина.

Било утврдено дека се работи за лицето А.И. на возраст од 21 година, роден во гостиварското село Вруток, а со место на живеење во селото Мердита. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е дадено за обдукција за да се утврдат точните причини како настапила смртта, временскиот период, дали имало траги на насилство.

Back To Top