skip to Main Content

Во „Монструм“ се прикажуваат ПИ мерки, јавноста селективно исклучена

Во „Монструм“ се прикажуваат ПИ мерки, јавноста селективно исклучена
  • 04.02.2019

Судењето за предметот „Монструм“ на СЈО за петкратното убиство кај Смилковско езеро на 12 април 2012 година и денеска продолжи со прикажување на доказите обезбедени со посебни истражни мерки.

Судијата Огнен Ставрев  за разлика од претходното рочиште кога ја исклучи јавноста, денеска дозволи да присуствуваат претставници на ОБСЕ и Коалиција за правично судење, но не и за новинарите.

За убиството на момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Фејзи и Хаки Азири и Сами Љута, но Врховниот суд ги укина пресудите и случајот минатата годна почна од почеток, откако го презеде СЈО.

Back To Top