skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Судењето за „27 април“ одложено за 31 јануари, Русковска информира дека во обвинението нема суштински измени
Сослушано обезбедувањето, блиски роднини на Груевски нема да сведочат
Нови рочишта за „Топлик“ и за убиството на Саздовски
Отровен воздух и привремени мерки: бесплатен превоз во ЈСП, за два дена продолжен зимски распуст и два дена скијање во Маврово за децата
Во Грција почнуваат парламентарните процедури за ратификација на Договорот од Преспа
Нимиц ја повика Грција да го ратификува Преспанскиот договор
Делегација на Собранието на зимската сесија на ПССЕ во Стразбур
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

Во Кривичен ечат „бомби“ од „Титаник“

Во Кривичен ечат „бомби“ од „Титаник“
  • 05.10.2018

Со слушање „бомби” денеска во Кривичниот суд во Скопје продолжи судењето за предметот „Титаник” на Специјалното јавно обвинителство во кој се обвинети повеќе лица за изборни нерегуларности. Во судница се присутни сите обвинети, меѓу кои поранешниот премиер Никола Груевски и поранешните министри Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска.

Најголем дел од разговорите слушнати на денешното рочиште се меѓу поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и други лица од март 2013 година. Во нив се слуша како Миле зборува за организирање автобуси за гласачите од дијаспората, списоци од затвореници, вработени во администрација, па дури и со станати на цели згради во Центар. Збориваат и за гласови од домовите со Скопје, од деца без родители, како и за тоа кој од директорите на училиштата не прави ништо за гласачи и треба да лета од работа.

Од бомбите се слуша како се  организирале за денот на гласање, кои членови и вработени плус три веќе биле сигурни, дека се формирани кол центри и договорени автобуси… Од „бомбите” се открива како се планираат гласови за изборите, од списоци на луѓе, со име и презиме и адреси на живеење до тоа каде се вработени и како да се направи да излезат на гласање.

Во разговорите се слуша како Миле Јанакиески во март 2013 година организира автобуси за гласачи во Италија, Словенија, Австрија и Швајцарија. Миле од еден од соговорниците бара на мејл да му ги прати списоците со имиња и презимиња. Потоа со Антонио Милошоски разговара кој со колку автобуси и тури ќе може да се донесат гласачите на гласање.

Во разговор една соговорничка на Миле му кажува дека во домот имаат шест дечиња кои ќе гласаат ако им платиме пат. Миле на тоа и одговара, добро не е проблем нека дојдат со сметки ќе им рефундирам. Кога го информираат дека ќе им фалат гласови, Миле вика „не ме интересира, 20 баравте, 20 ќе си ги наполните”.

Во еден од разговорите Миле од женска соговорничка бара во списоците да има и броеви за да ги бараат на ден на изборите.

Во разговор со Никола Тодоров му кажува како стојат во Центар и му вели „е ако за 200 гласа изгубиме” Во разговорите Миле се распрашува за тоа колку се вработени во Центар и бара списоци од затворите.

– Многу лошо изгледаше на телевизија. ќе ни одврати излезност на обични гласачи, ќе речат овие глупости прават дај да ги казниме, вели Јанакиески.

Инаку, изутрината вработените, странките и новинарите, пед зградата на судот ги пречекаа расфрлани отпадоци останати од синоќа по рочиштето за предметот „27 април“. По укажувањето до судските служби, ѓубрето набргу беше расчистено.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top