skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Германски печат: ЕУ земјите подготвени да ја прифатат само Северна Македонија
Расмусен: Земјите од ЕУ не можат да ѝ ја негираат на Македонија иднината што ја бара
Шекеринска: Земјава за една година направи скок од 23 места во однос на стабилноста
Новата амбасадорка на САД во земјава положи свечена заклетва
Сведок од УБК: До системот за прислушување се пристапуваше и надвор од МВР, од поранешниот Аеро клуб
Министерството за правда ги објави извештаите од надзорот во судовите за АКМИС системот
ОН: Светот до 2050 година ќе брои 9,7 милијарди луѓе
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Во Врховен расправа по жалбата на Митриновски околу неговото разрешување

Во Врховен расправа по жалбата на Митриновски околу неговото разрешување
  • 17.12.2018

Расправа по жалбата поднесена од Јордан Митриновски против решение на Судски совет донесено во повторена постапка по барање за негово разрешување од судиската функција на поранешниот претседател на Апелационен суд Скопје ќе се одржи денеска во Врховниот суд.

Првично расправата беше закажана за 12. овој месец, но беше одложена за денеска со цел да се овозможи присуство на јавноста на јавната седница.

Постапката е обновена по барање за повторување на постапката поднесено од Митриновски, а врз основ на конечна пресуда на Европскиот суд за човекови права- Application no 6899/12  Mitrinovski v. the former Yugoslav Republic of Macedonia.

-Согласно конечна пресуда од ЕСЧП и домашното законодавство,  органот кој ја сторил повредата на конвенцијата е должен да ги укине сите одлуки кои произлегле од постапка со која е утврдена повреда на Конвенцијата. Меѓутоа, Судски Совет на РМ постапувајќи по барањето за повторување на постапката истото го уважи во целост , но ги укина само Одлуката од ССРМ за разрешување на Јордан Митриновски од позицијата судија  и Одлуката на Врховен суд на РМ со која се одбива жалбата поднесена против одлуката на ССРМ  за разрешување на Јордан Митриновски. а неосновано и спротивно на домашните законски прописи, ЕКЧП и конечната пресуда на ЕСЧП, ги остави во сила  – барањето за разрешување поднесено од судијата ЈВ против судијата Јордан Митриновски и Одлуката со која се уважува барањето за отворање на постапка и се поведува постапката против судијата Јордан Митриновски, се наведува во соопштението од неговата канцеларија.

Back To Top