skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Груевски останува во Будимпешта
Шекеринска во Брисел: Билатерални средби со министри за одбрана на НАТО земји
Ексклузивно интервју со Бојан Јовановски – петок 21:00 во Отворено Студио 1
Презентација на втор мониторинг извештај за работата на Државното правобранителство- „Заедно во борба против корупција“
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Вооружени разбојници ограбиле банка во Чаир

Вооружени разбојници ограбиле банка во Чаир
  • 15.04.2019

Вооружени лица утрово извршило разбојништво во  „НЛБ банка“ на ул.„Ферид Бајрам“ во скопско Чаир, при што се одземени засега непозната сума пари.

Во МВР настанот е пријавен во 10.30 часот и како што појаснуваат за време на разбојништвото имало пукање, но нема повредени од огнено оружје.

Од страна на разбојниците е удрен и физички повреден Е.Е.( 26), вработен како обезбедување во банката.

Полициски службеници веднаш по пријавувањето на разбојништвото стигнале на местото на настанот и во тек е истрага за расчистување на случајот.

Како што соопштија од НЛБ банка, заедно со надлежните работат на расчистување на случајот, како и на утврдување на висината од направената штета.

Посочуваат дека клиентите кои се затекнати во експозитурата и вработените се безбедни и во добра состојба.

-Средствата на нашите клиенти се сигурни, бидејќи Банката има осигурување на целиот свој имот и средства, истакнуваат во соопштението.

Back To Top