skip to Main Content

ВОНРЕДНА ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: НЕВРЕМЕ со облини врнежи, силни грмежи, ветер и град ќе ја зафати Македонија

ВОНРЕДНА ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: НЕВРЕМЕ со облини врнежи, силни грмежи, ветер и град ќе ја зафати Македонија
  • 16.06.2019

Македонија од денес па натаму влегува во ЖОЛТА ПРЕДУПРЕДУВАЧКА ФАЗА поради големото дестабилизирање на атмосферата кое се очекува уште од денес попладне и навечер кога се очекува развој на нестабилна облачност проследена со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради многу загреаната атмосфера и исполнета со енегија локално процесите се очекува да бидат ИНТЕНЗИВНИ и во форма на НЕВРЕМЕ проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и појава на град. И во следните денови ќе има честа појава на нестабилност на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер додека локално ќе има појава на НЕВРЕМЕ со обилен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град. Во текот на новата недела исто така на некои места се очекува да падне значително количество на воден талог со што има услови и за локални поплавувања.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Атмосферата многу ќе се дестабилизира па така од денес па во следниот период во случај на појава на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Температурите на воздухо ќе бележат тенденција на мал пад што значи и понатаму ќе продолжат летните температури на воздухот па токму поради тоа и условите за невреме ќе бидат многу големи, односно индексот на нестабилност ќе биде многу висок и ќе изнесува дури и над 1500 J/KG.

Подготви: Славчо Попоски

Back To Top