skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Католиците го слават Велигден
Граѓаните го избираат петтиот претседател, прв на Република Северна Македонија
Охрид, Дебар и Ново Село избираат градоначалници
За победа во прв круг потребни 904.066 гласови, во вториот 723.253
МВР подготвено да обезбеди достојна и безбедна изборна атмосфера
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Возачот на цистерната бил на терен 34 часа без сон – Се уште се утврдуваат причините

Возачот на цистерната бил на терен 34 часа без сон – Се уште се утврдуваат причините
  • 17.04.2019

Цистерната која вчера се преврте на излез од Неготино е отстранета од местото на несреќата. Наодите од полицискиот увид се уште не се готови. Извлекувањето на горивата траело цела ноќ. Возачот има мали надворешни повреди од ударот и од денеска е на боледување. Негов колега и претставник на синдикатот за 1ТВ вели дека возачот тргнал на пат на 15 април во 7 часот наутро, доставувал горива на бензинските низ државата, а вечерта тргнал за Солун. Таму чекал да ја наполнат цистерната и веднаш тргнал назад.

„Дел од секнда било. Дали е до дефект, дали излетало некое животно, а се и вози и повеќе часа без одмор“ – вели колегата на возачот кој ја управувал цистерната и член на синдикатот.

Возачот вели дека неговиот колега возел со два патни налози. Надлежното лице во Оилко со кое вчера стапивме во контакт Дејан Левевски иако најави дека денеска ќе одговори на нашите прашања, тоа не се случи. И писмено го прашавме зошто возачот бил испратен со два патни налози и зошто возачите на Оилко возат повеќе часови без одмор како што е законски пропишано? Неколку дена пред несреќата, во компанијата бил напревена контрола од Транспортниот инспекторат, а проверки прави и трудовиот инспекторат по поднесени претставки од гранковиот синдикат СУТКОЗ. Инспекцијата ја потврди и возачот.

„Бил со два патни налози. Пред неколку дена синдикатот пријави во инспекторат, дојдоа луѓе направија увид и увидоа некои неправилности„ – вели колегата на возачот кој ја управувал цистерната и член на синдикатот.

Од Инспекторатот за транспорт за 1ТВ велат дека е изготвен записник во кои се констатирани неправилности и се наложени конкретни мерки, без да ни соопштат за кави мерки станува збор. Од трудовиот инспекторат пак велат дека нивната истрага се уште е во тек и дека се прибираат дополнителни информации. Во претставката која СУТКОЗ ја испратил до инспекторатите се наведени повеќе прекршувања на работничките права, но најголем акцент е ставен на прекршување на работното време за возење, бидејќи со оглед на запаливата материја која се превезува, цистерните се подвижни бомби кои би можеле да ја загрозат и општата безбедност – наведува синдикатот.

Кристина Атовска

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top