skip to Main Content

ВМРО-ДПМНЕ ја прослави 29-годишнината од основањето на партијата

ВМРО-ДПМНЕ ја прослави 29-годишнината од основањето на партијата
  • 16.06.2019

ВМРО-ДПМНЕ вечерва ја прослави 29-годишнината од основањето на партијата.

Претседателот на партијата Христијан Мицкоски во својот говор посочи дека ВМРО е чуварот на оваа земја.

– ВМРО е чуварот на оваа земја. Има приказни кои траат долго и тоа е така бидејќи оваа наша приказна има идеологија, цврста арматура во која кодот е ВМРО, а целта на нашето постоење е нашата Македонија. И еве не тука, 29 години потоа, по сите премрежја и се она што го поминавме особено последните години, ВМРО-ДПМНЕ се крева на нозе,порача Мицкоски.

Екипата на 1ТВ на прославата зборуваше со Владимир Неловски од ИК на ВМРО-ДПМНЕ, кој рече дека партијата со јасни чекори ќе стигне до обнова, како и дека ВМРО-ДПМНЕ останува на целта Македонија да биде дел од ЕУ и НАТО.

Целиот разговор можете да го погледнете во видеото.

Back To Top