skip to Main Content

ВМРО-ДПМНЕ со амандмани бара укинување на СЈО како посебно обвинителство

ВМРО-ДПМНЕ со амандмани бара укинување на СЈО како посебно обвинителство
  • 27.03.2019

Со амандманите доставени доцна синоќа до Министерството за правда, ВМРО-ДПМНЕ бара укинување на СЈО, неофицијално дознава 1ТВ. Извори во Правда потврдуваат дека во различни варијанти поголемиот дел од 65 амандамни се однесуваат или за укинување на СЈО како посебно обвинителство или за продолжување на обвиненијата покренати само до 30 јуни 2017 година.

Од Правда за 1 тв велат дека Закон што нема да биде прифатлив за Европската унија не вреди ниту да се носи. Утре попладне двете работни групи ќе се сретнат во Министерството. На средбата власта и опозицијата ќе се обидат да ги усогласат амандманите за Законот за Јавно обвинителство. ВМРО-ДПМНЕ со амандмани  бара и еднаква одговорност и ист буџет за сите обвинителства,  но и државниот јавен обвинител  да биде на врвот во обвинителството и да ги распоредува  предметите за кои обвинителите не си ја завршиле работата.

Собраниски извори велат дека до нив ВМРО-ДПМНЕ не поднело амандмани. Доколку власта и опозицијата  сепак ги усогласат разликите, седница за законот за СЈО ќе има во април, за време на изборната кампања. Спикерот Џафери во неколку наврати потврди дека Собранискиот деловник не исклучува седница за време на изборната кампања. Од министерството за правда велат дека се разговара и со други пратеници се со цел да обезбедување на поддршка од двотретинско мнзинство за Законот за СЈО  толку потребно за  законот кој го бара Европската унија да биде донесен.

Весна Велкова Тодоровска

Back To Top