skip to Main Content

ВМРО-ДПМНЕ се повлече од собраниската расправа за уставните амандмани

ВМРО-ДПМНЕ се повлече од собраниската расправа за уставните амандмани
  • 18.12.2018

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ се повлече од собраниската расправа за уставните амандмани. Ова го соопшти Антонио Милошевски, кој рече дека одлуката е донесена во консулатација со Извршниот комитет на партијата, затоа што расправата ја сметаат за фарса.

-Нема да учествуваме во понатамошната расправа по амандманите, бидејќи е фарса. Фарса беше и референдумот за името, фарса беше и јавната расправа, само со партиски експерти, сите понатамошни дејствија се незаконски и противуставни и затоа, пратенците на ВМРО-ДПМНЕ нема да учествуваат во натамошната расправа, рече Милошоски.

Расправата по уставните амандмани што требаше да се одржи вечерва на собрaниската Уставна комисија е одложена за утре во 12 часот, а одложувањето е поради верскиот празник Свети Никола.

Back To Top