skip to Main Content

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ бега од избори, не сака да се соочи со народот

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ бега од избори, не сака да се соочи со народот
  • 09.02.2019

СДСМ бега од предвремени парламентарни избори затоа што му е страв од соочување со народот.

Македонскиот народ е гневен за сите понижувања, црнила и порази кои му ги приредија. Токму затоа СДСМ нема храброст да се соочи со граѓаните на предвремени парламентарни избори, свесни се за казната која ќе им следува.

Ветуваа едно општество за сите, но прво што направија е тоа што го поделија македонското општество. Поради неуставното носење на законот за јазици, Македонија е поларизирана како никогаш досега во историјата.

Токму затоа се потребни предвремени парламентарни избори, за СДСМ да замине во историјата, а граѓаните и Република Македонија конечно да почнат да напредуваат, стои во соопштението од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Back To Top