skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Османи оптимист дека многу бргу ќе се најде решение за законот за ЈО
Заев: Секој предлог за законот за јавно обвинителство е вреден за внимание
ВМРО-ДПМНЕ достави предлог за законот за ЈО

ВМРО-ДПМНЕ побара разрешување на Јанева на денешната пленарна седница, пратениците го одбија предлогот

ВМРО-ДПМНЕ побара разрешување на Јанева на денешната пленарна седница, пратениците го одбија предлогот
  • 11.09.2019

Разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денеска на пленарна седница во Собранието побара пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски. Како што образложи, предлог одлуката е едногласно изгласана од сите пратеници и од сите пратенички групи на Комисијата за прашања на изборите и имнувањата што се одржа на 5 септември и е последна во законскиот рок за истекување на мандатот на обвинителката.

Предлогот беше одбиен, а Мицевски побара пауза од еден час.

-Предлогот за денешното разрешување на Јанева е за да се остави простор до 15 септември да се избере нов специјален обвинител, истакна Мицевски.

Претседателот на Собранието Талат Џафери рече дека е точно оти Комисијата расправала по извештајот на Советот на ЈО и дека Собранието добило предлог за разрешување на специјалната јавна обвинителка.

-Во сите досегашни координации и усогласувања на политичките партии, посебно четирите поголеми политички партии, се усогласивме дека за ова прашање треба да има посебна седница и во тој контекст и од таа причина не е ставена како точка на дневен ред, појасни Џафери.

Пратениците го одбија предлогот за разрешувањето на Јанева да се распарава на денешната седница, при што пратеникот Мицески уште еднаш појасни дека причината за барањето за разрешување е тоа што денешната седница е последна во законскиот рок за разрешувањето на обвинителката, а тоа е 15 септември.

Back To Top