skip to Main Content

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ повторно се расправаат за загадениот воздух

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ повторно се расправаат за загадениот воздух
  • 28.12.2018

ВМРО-ДПМНЕ повторно обвинува дека властите не преземаат ништо за загадениот воздух и бара итни мерки кои ќе го намалат задувањето и итно почнување на проектот гасификација на целата територија на државата.

-Итно зголемување на мерните станици ширум Македонија, субвенции за набавка на електрични автомобили и печки на пелети, субвенционирање сметките за електрична енергија на социјално загрозените семејства, забрана за употреба на петрол и кокс. МВР мора го пренасочува движењето од централните градски подрачја на товарните возила и градежните машини, во услови на зголемена загаденост. Мора да се забрза процесот на гасификација кое беше едно од клучните предизборни ветувања на СДСМ како редовна контрола од надлежните инспекциски служби на котлите за горење и оџаците. Граѓаните мора да добијат бесплатен градски превоз додека трае загадувањето, а инспекциските служби, како на државно, така и на локално ниво, да работат на пронаоѓање на загадувачите во зимски услови 24 часа. Дивите депонии мора темелно да се чистат, а граѓаните да добијат бесплатна здравствена заштита доколку се утврди дека се директна жртва на аерозагадувањето, се вели во соопштението.

Од СДСМ одговорија дека се намалува цената за пренос на гас и се работи на гасификација, додека уништеното зеленило и загадувањето се чувствуваат како последици од 11-годишните политики на ВМРО-ДПМНЕ.

-ВМРО-ДПМНЕ ја укина евтината тарифа на струјата, а цената на електричната енергија за зголеми за 100 отсто, со што илјадници домаќинства мораа да се префрлат на поевтин и нееколошки начин на затополување. Директните виновници за спроведување на овие погубни политики се раководството на ВМРО ДПМНЕ и Христијан Мицкоски како советник за енергетика на Груевски и прв човек на АД ЕЛЕМ кои директно влијаеа на порастот на загадувањето, пишуваат во соопштението.

Оттаму велат дека се спроведуваат мерки против загадувањето и интензивно се работи на капиталниот проект за гасификација на државата.

-Гасификацијата е врвен приоритет на Владата предводена од СДСМ, а за овој капитален проект, во 2019 се обезбедени дури 1,1 милијарда денари повеќе отколку во 2018 година, велат од СДСМ и додаваат дека проблемот со загадувањето е сложен и долготраен, но Владата и сите институции се силно посветени на негово решавање и обезбедување здрава животна средина и чист воздух за сите граѓани.

Back To Top