skip to Main Content

ВМРО-ДПМНЕ демократска фракција бара оставка од Мицкоски

ВМРО-ДПМНЕ демократска фракција бара оставка од Мицкоски
  • 21.07.2018

ВМРО ДПМНЕ – Демократска фракција го повикува Христијан Мицкоски под итно да поднесе оставка од функцијата претседател на партијата, поради сознанието дека за него се води предистражна постапка за времето на неговото директорување во ЕЛЕМ.

-Како Фракција сме загрижени од можноста преку барањата за измени на кривичниот законик, партијата по којзнае кој пат да биде ставена во заштита на криминалот направен од страна на поединци. За Демократската Фракција на ВМРО ДПМНЕ оставката од лидерската или било која друга партиска или државна позиција во случај на водење на предистражна или истражна постапка е убава и идеална можност секој осомничен или обвинет да ја докаже својата невиност без притоа да ја користи партијата, позицијата или сопственото членство за негова поддршка или заштита, се вели во нивното соопштение.

Back To Top