skip to Main Content

ВМРО-ДПМНЕ ги повика граѓаните да постапат по сопствено убедување (Видео)

ВМРО-ДПМНЕ ги повика граѓаните да постапат по сопствено убедување (Видео)
  • 12.09.2018

ВМРО-ДПМНЕ пресече – доцна во ноќта донесе одлука со која  ги повика граѓаните на 30 септември секој сам според сопствено убедување да постапи. „Вие најдобро знаете што треба да направите, да го слушнете вашето срце и разум“, рече Мицкоски.

„ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека е против Договорот со Грција, бидејќи со него се менува Уставот и се губат сите претходно стекнати позиции, националниот идентитет, патните исправи, личниот идентитет. Се прифаќа ревидирање на културата. Сето ова е спротивно на нашите ставови. Тоа јас не го прифаќам“, рече опозицискиот лидер.

„ВМРО-ДПМНЕ по консултациите со граѓаните и по одржаните состаноци на Централниот и Извршниот комитет, донесе одлука секој граѓанин да постапи според сопственото убедување. Секоја индивидуа да донесе одлука која смета дека е најдобра за своето семејство и нашата мила Македонија. Македонија не е само на Мицкоски, ниту на Заев, туку на секој слободен граѓанин. Имате се пред вас и знаете што да направите. Само треба да го слушате вашето срце и вашиот разум и на крајот Македонија ќе победи”, изјави Мицкоски на прес-конференцијата.

Мицкоски го повика премиерот Зоран Заев на ТВ дуел. Ја обвини власта дека прерано ја започнала референдумската кампања. Дали ова значи дека Заев е во паника, праша Мицкоски.

-Бидејќи поминаа повеќе од четири месеци од нашето јавно соочување, а се случија многу работи. Почитуван претседател на Владата Зоран Заев, ајде заедно на дебата, на ТВ дуел затоа што имаме на маса договор со Грција, афери, корупција, скандали, затоа што многу работи треба да бидет слушнати, рече Мицкоски.

Според Мицкоски, референдумското прашање Дали сте за членство за ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот со Грција е манипулативно и свесно ги збунува граѓаните. Посочи дека неговата партија  е за членство во овие организации.

Back To Top