skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Комисијата воздржана за имунитетот на Вељаноски
В понеделник оставка од Котевски, но и извештај од истрагата за инцидентите
Манчевски: Неколку дена пред Конгресот на СДСМ ќе биде познат кандидатот за претседател
Осудените за „Диво насеље“ со отворено писмо до Ахмети, Груевски и Мијалков
Мицкоски: Поддршката за Силјановска Давкова е поддршка за правната држава
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

Власта верува дека го има потребното мнозинство во Собрание (Видео)

Власта верува дека го има потребното мнозинство во Собрание (Видео)
  • 11.10.2018

Премиерот Зоран Заев вели дека има огромен број на пратеници кои ќе ги поддат уставните измени во парламентот. Нема план Б за договорот со Грција. Вевуа во пратениците и ниваната размуност дека доколку се пропшушти оваа шанса долго време ќе нема друга. Заев ги повика народните избраници  да си ја преземат одговорноста и исправено храбро на крајот од денот да донесе одлука во интерес на Македонија.

-Вчера разговарав со пратениците. Сите се свесни и на сите им е јасно дека нема план Б. Ако оваа можност пропадне што после. Сите се ужаснати од помислата што после ако пропадне оваа можност. Бројката е огромна дури од опозицијата, голема е заради тоа што луѓето веруваат, тоа се општественици луѓе, и политичари, пратенции и сл. Веројатно заканата, непријатниот момент кој го живеат и доживуваат се причини до крај да не направат експресија на своите ставови. Сите тие се одговорни личности, и мнозинството и она што е опозиција во Парламентот, сите се одговорни, сите знаат многу добро, исто како него дека оваа шанса треба да се искористи, заради тоа што е неповторлива. Сите знаат дека договорот од Преспа е фер и правичен, дека подобар не може да има, дека без договор нема ЕУ и НАТО, а без тоа нема економски прогрес, инвестиции, раст и развој, нема квалитетен живот дома. Верувам дека покрај дебатата, вчера почна да се создава амбиент на преземање одговорност, секој да си ги каже своите резерви, својата болка, својата мака, но на крајот на денот на гласањето треба да бидеме сите исправени и да донесеме храбра одлука, одлука за иднината на Македонија, рече Заев…

Вицепремиерот Бујар Осмни денеска рече дека во собранието веќе е обезбедсено двотретинско мнозинство…

Од ВМРО-ДПМНЕ пак велат дека власта блефира.

-Зоран Заев е во паника затоа што не помина неговата капитулација и граѓаните го осудија обидот да добие амнестија за сопствените криминали преку штетниот договор со кој ги прифати грчките црвени линии. Затоа Заев тргна со реализација на планот Б, а тоа е игнорирање и газење на волјата на сопствениот народ. Заев тргна со обид да ја заплаши опозицијата преку нарачан политички прогон и злоупотреба на институциите. Заев е свесен дека ВМРО-ДПМНЕ било со народот и дека секогаш ќе стои на браникот на државните и национални интереси.

За утре е закажано продолжение на седницата на Комсијата за уставни прашања каде на дневен ред се уставните измени а за  во понедленик и собраниска седница со единствена точка на дневниот ред Предлог за пристапување кон измена на Уставот на Македонија.

Весна Велкова Тодоровска

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top