skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Радев: Ја поддржуваме Северна Македонија, но не безусловно
Лидерската средба неизвесна
Апостолакис за МИА: И двете страни да ги извлечат позитивните работи од Договорот од Преспа
Скопје и Сеул воспоставија дипломатски односи
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Владина делегација на средба со делегација на НАТО Канцеларијата за врски во Скопје

Владина делегација на средба со делегација на НАТО Канцеларијата за врски во Скопје
  • 12.02.2019

Пред денешниот настан на подигнување на знамето на НАТО, на која присуствуваа претставници на дипломатскиот кор во земјата, воени аташеа, пратеници, претставници на верските и политичките заедници и претставници на граѓански организации, а на која говореше премиерот Зоран Заев, и претходеше билатерална средба на делегација на Владата со делегација на НАТО Канцеларијата за врски во Скопје, предводена од шефот на Канцеларијата Зоран Јанковиќ, соопшти владината прес-служба.

Премиерот Заев истакнал дека самостојната и суверена одлука за членството во НАТО е историско постигнување за државата и остварување на желбата и аспирацијата на сите граѓани на нашата татковина, која наскоро ќе го носи името Република Северна Македонија.

– Тоа е придонес кон мирот и стабилноста на целиот регион, а за државата создава позитивни услови за економски развој, истакнал премиерот Заев, соопшти денеска владината прес-служба. Тој упатил благодарност до НАТО Алијансата за континуираната поддршка, честите посети и охрабрувања.

Истовремено, Заев изразил подготвеност како земја членка, нашата држава рамноправно да придонесува во обврските кои доаѓаат со членството.

Шефот на НАТО Канцеларијата за врски во Скопје, Јанковиќ изразил задоволство заради зачленувањето на нашата земја во НАТО, додавајќи дека тоа е значајно и за Алијансата, да има уште една земја-членка која ги споделува нејзините вредности, уверувањата и стратешки цели.

Како што се подвлекува во соопштението, соговорниците се согласиеле дека земјава, која наскоро ќе го носи името Република Северна Македонија во изминатиот период покажала дека е посветена и спремна да стане земја членка на НАТО и оти е посветена на реформи во одбраната и во политичкиот систем.

Заеднички било заклучено дека влегувањето во НАТО ќе има позитивни ефекти и за забрзување на процесот на интеграција во Европската Унија.

Back To Top