skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Алтернатива е новото име на партијата на Африм Гаши – Беса останува на Касами
Могерини: ЕУ ќе го поздрави историскиот успех на Скопје и Атина
Бугарија в среда ќе го ратификува Протоколот за НАТО
Северна Македонија денеска на агендата на министрите за надворешни на ЕУ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

Владината зграда подготвена за новиот натпис „Влада на Република Северна Македонија“

Владината зграда подготвена за новиот натпис „Влада на Република Северна Македонија“
  • 11.02.2019

По добивањето на Вербалната нота со која Атина денеска ќе го информира Скопје дека се ратификувани Договорот од Преспа и Протоколот за членство во НАТО, и исполнувањето на сите правни услови за влегување во сила на конечната спогодба и уставните амандмани, почнува примената на новото име Република Северна Македонија.

Во Службе весник ќе биде објавен датумот на влегување во сила на уставните амандмани и уставниот закон.

Потоа, како што најави МНР, Република Северна Македонија и Република Грција ќе достават заедничко писмо до генералниот секретар на ООН, со кое го информираат генералниот секретар Антонио Гутереш за датумот на влегување во сила на конечната спогодба, со што се става  крај на повеќедеценискиот билатерален спор меѓу двете земји.

Потоа за промената на името ќе бидат информирани и Секретаријатот на ООН, земјите членки, земјите набљудувачи на ООН, како и сите останати меѓународни организации.

Во меѓувреме, почнаа и практичните подготовки за примена на новото име. Од зградата на Владата веќе е отстранет натписот „Влада на Република Македонија“

Владата формира Интерресорска група која ќе треба да изработи Национален акциски план за спроведување на натамошните мерки и активности, а во рок до седум дена државните институции, граничните премини и диоломатско-конзуларните претставништва ќе треба да ги сменат таблите со новото име на државата – Република Северна Македонија.

Од Владата не очекуваат проблеми од државните институции при користењето на новото име на државата.

Употребата на новото име на државата ќе биде усогласено и со Законот за употреба на јазиците што значи дека таблите ќе бидат напишани и на албански јазик бидејќи, како што изјави неодамна владиниот портпарол Миле Бошњаковски, Албанците се 20 проценти на државно ниво.

Препораки за промена на таблите ќе добијат и единиците на локалната самоуправа, а секторите и службите за односи со јавност на државните и јавните институции ќе добијат насоки за употреба на уставното име.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top