skip to Main Content

Владата ќе ги објави потпишаните документи од посетата на Ципрас

Владата ќе ги објави потпишаните документи од посетата на Ципрас
  • 10.04.2019

Владиниот портпарол Миле Бошњаковски најави дека на веб страницата на Владата денеска ќе бидат објавени потпишаните документи при неодамнешната посета во дражава од грчката делегација, што ја предводеше премиерот Алексис Ципрас.

На страницата vlada.mk јавноста ќе има пристап во оригинална верзија до  Акцискиот план, што го потпишаа премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас, документ пропишан и во Преспанскиот договор, со структура на целата идна соработка во девет области во однос на примената на договорот.

-Ќе биде објавен и Меморандум за соработка во ЕУ, потпишан од вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и алтернативниот министер за надворешни работи за ЕУ од грчка страна. Со тој документ се утврдуваат сите идни соработки  во однос на искористеност на ЕУ фондови, претпристапни преговори  и „ноу хао“ што Грција ќе ни го овозможи на нас во рамки на нашиот пат кон ЕУ, рече Бошњаковски, информирајќи дека ќе бидат  објавени и меморандуми за развој на економската соработка, по примерот на потпишаниот со Германија,  како и за соработка помеѓу министерствата за транспорт и врски.

Back To Top