skip to Main Content

Владата формира оперативен тим кој бескомпромисно ќе работи на борбата против криминалот и корупцијата

Владата формира оперативен тим кој бескомпромисно ќе работи на борбата против криминалот и корупцијата
  • 13.08.2019

Оперативниот тим за „бескомпромисна“ борба против корупцијата формира владата предводен од актуелниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Во тимот членуваат и министерката за правда Дескоска, заменик-министерот за внатрешни Агим Нухиу, директорите на Бирото за јавна безбедност, Финансиската полиција, Царинската управа, УЈП, Управата за финансиско разузнавање и Агенцијата за национална безбедност.

Оперативниот тим е целосно подготвен  да се стави на располагање на Јавното обвинителство и на судовите во остварување на нивните законски обврски, се вели во писменото соопштение од Владата.

„Мислам дека сега е еден добар момент сите заедно енергично да се спротивставиме  на секаков вид криминал. МВР и јас лично ќе стоиме на располагање да помагаме, односно да ги преземеме сите мерки со коишто ќе бидеме задолжени од ЈО од надлежниот суд се со цел да биде задоволена правдата“, изјави министерот Спасовски.

Back To Top