skip to Main Content

Владата го испрати предлог-законот за Јавното обвинителство во Собрание

Владата го испрати предлог-законот за Јавното обвинителство во Собрание
  • 23.07.2019

Владата на денешната 146-та седница го усвои новиот текст на Предлог-законот за Јавното обвинителство. Донесена е одлука да биде испратен на усвојување во Собранието со европско знаме и во скратена постапка.

Како што информира владината прес-служба, Министерството за правда предложи, а Владата денеска прифати во собраниска постапка да биде пуштен и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавни обвинители на Република Северна Македонија поради терминолошко усогласување со Предлог-законот за Јавно обвинителство.

Претходно, претседателот на Парламентот Талат Џафери изјави дека собраниска седница ќе може да се свика на 29 јули, а законот би може да биде донесен до крајот на август во случај да се постигне широк консензус.

Џафери рече дека прашањето за тоа дали законот би можел да биде донесен до 15 септември му го поставила и американската амбасадорка Кејт Брнс на денешната средба во Собранието.

Во тој контекст, појасни дека законот би можел да биде донесен и до крајот на август доколку постои согласност за него меѓу политичките субјекти во Парламентот со оглед дека за да се донесе потребно е двотретинско мнозинство.

Back To Top