skip to Main Content

Владата вечерва на вонредна седница по тешката автобуска несреќа на автопатот Скопје-Тетово

Владата вечерва на вонредна седница по тешката автобуска несреќа на автопатот Скопје-Тетово
  • 13.02.2019

Владата во соопштение информира дека вечерва во 22:30 часот ќе одржи вонредна седница по тешката сообраќајна несреќа која се случи на патниот правец Скопје – Тетово.

Оттаму додаваат и дека премиерот Зоран Заев во текот на утрешниот ден ќе ги посети повредените кои се наоѓаат во болницата.

Поради несреќата,премиерот Заев, вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и министерот за земјоделство Љупчо Николовски ја откажаа посетата на тиквешкиот регион.

Во автобуската несреќа кај Ласкарци загинаа 13 луѓе, петмина се борат за живот, а повредени се околу 40 луѓе, од кои дел се пуштени на домашно лекување.

Back To Top