skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Османи оптимист дека многу бргу ќе се најде решение за законот за ЈО
Заев: Секој предлог за законот за јавно обвинителство е вреден за внимание
ВМРО-ДПМНЕ достави предлог за законот за ЈО

Вицепремиерот Османи утре во работна посета на Шведска

Вицепремиерот Османи утре во работна посета на Шведска
  • 12.09.2019

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, утре ќе престојува во работна посета на Кралството Шведска, каде ќе оствари средби со министерот за европски прашања Ханс Далгрен, со министерот за меѓународна развојна соработка Питер Ериксон и со претседателот на Парламентот на Кралството Шведска, Андреас Норлен.

Централна тема на средбите, како што соопшти Кабинетот на Османи, ќе бидат европските перспективи на Република Северна Македонија, во пресрет на одлуката за почеток на преговорите во октомври оваа година,
а ќе стане збор и за билатералната развојна соработка како и за парламентарната соработка помеѓу двете земји.

Во агендата на вицепремиерот Османи за периодот кој следи предвидени се посети на метрополите на земјите членки на ЕУ, почнувајќи од Брисел, на почеток на следната недела, по што ќе следуваат Берлин, Варшава итн.

Back To Top