skip to Main Content

(Видео) 360° Заев: Тука е болката – барем да ни кажеа пред да го направиме Преспанскиот договор

(Видео) 360° Заев: Тука е болката – барем да ни кажеа пред да го направиме Преспанскиот договор
  • 22.10.2019

Премиерот Зоран Заев во интервју за „360 Степени“ зборуваше за ставот на Франција и претседателот Макрон кон проширувањето и причините за ваквиот став.

„Причината не сме ние и тоа треба да им биде јасно на сите. Тоа го кажа претседателот Макрон заедно со канцеларката Меркел во среда кога имаа заедничка владина седница во Тулуз. Во таа изјава тој рече – ние не сме спремни. Спремни се земјите, за нас потенцираше посебно, кажа неколку негативни примери за Албанија, но за нас беше само во позитивно светло. Суштината, според мене е дебатата којашто е отворена во Европската комисија, моментумот во којшто се случува. За првпат се случија работи за составувањето на ЕК, гледате како не можеа да се договорат за претседател на ЕК. Првпат се случува во историјата на ЕУ, да падне предлог на Франција за еврокомесар, и тоа помина две фази и падна. Калкулациите кога малите земји знаат да изразат спротиставеност со вака големите како Франција, предизвикувале кај него, тоа го слушнавме од други колеги, премиери, дека Франција уште тогаш го најавувала – па ќе видиме понатаму за проширувањето“, изјави Заев.

Тој вели дека дискусијата за проширувањето не е доминанта во француското општество.

На прашањето зошто Франција појасно не го кажа тоа претходниот јуни 2018, или овој јуни 2019, Заев со одговор:

– Или пред да го направиме Преспанскиот договор барем да ни кажеа, така? Тука е болката. Значи, тука е нефер и неправдата којашто ни е нанесена. Ние сме здраворазумни луѓе, нации, држави. Можеме да прифатиме, да ни се објасни. Слушајте, таква и таква дискусија има, тоа може тоа и тоа да предизвика.

Заев вели дека идејата за менување на методологијата во пристапните преговори не е воопшто проблематична.

Back To Top