skip to Main Content

(Видео) 1ТВ од Преспа – Сведоштва на граѓани за ужасното невреме

(Видео) 1ТВ од Преспа – Сведоштва на граѓани за ужасното невреме
  • 11.07.2019

Откорнати дрвја, искршени автомобили и камп приколки, откорнати кровови од куќи и помошни објекти, уништени овоштарници и земјоделски насади, искршени електрични столбови, е само дел од сликата во Преспа по синоќешното невреме, во кое за помалку од половина час беше опустошено речиси се во овој крај. Силен дожд, ветер и град ги зафатија селата кои гравитираат кон граничниот премин „Маркова нога“.

Повозрасните жители велат дека не паметат вакво невреме во Преспанскиот регион. Според првичните проценки од терен предизвикана е голема материјална штета, но за среќа нема човечки жртви, ниту повредени.

Сведоштвата на граѓаните и разговорот градоначалникот на Ресен погледнете ги во видеото.

Back To Top