skip to Main Content

(Видео) Џолев: Иако добивал закани, тоа не е основ Груевски да бара политички азил

(Видео) Џолев: Иако добивал закани, тоа не е основ Груевски да бара политички азил
  • 13.11.2018

„МВР точно е дека постапува согласно наредбите и решенијата ги носи судот, но не треба да се заборави дека постапува согласно наредбите кои што се даваат од страна на Обвинителството, но и самоиницијативно кога станува збор за сузбивање на криминал или спречување на некое лице без пасош се обиде да ја напушти нелегално државата, доколку се испостави дека такво нешто се случило.

– Пасошот на Никола Груевски – и дипломатскиот и неговиот личен пасош се одземени. Точно е дека е изречена и мерка јавување во судот. На почеток таа мерка во 2017 година беше изречена во месец јули и на почеток беше определена како јавување секој понеделник, потоа беше променета да истиот се јавува секој прв петок во месецот. Тој редовно се јавуваше, што значи дека и на 2 Ноември Груевски се јави во судот и до сега ја нема прекршено таа мерка“, вели за 1ТВ претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев.

На прашањето на новинарот на 1ТВ дали постоеле индиции дека Груевски ќе се одлучи на бегство и ќе бара политички азил, Џолев изјави дека определувањето мерка притвор на судот има исклучиво во ситуација кога тоа го бара обвинителство или по службена должност кога некоја мерка е прекршена од страна на обвинетото лице против кое се води постапката.

-Во случајот „Тенк“ од самиот почеток на подигање на обвинението до соопштување на одлуката, од страна на Обвинителството во ниеден момент не е побарана ниедна мерка притвор за обвинетиот Никола Груевски. Не може судот самоиницијативно да определува мерка притвор. Тоа е секогаш по барање на обвинителството.

-Пасошите на Никола Груевски се одземени и мерката јавувања е определена во случајот „Титаник“. Во предметот „Тенк“ немаме никаков предлог ниту за обезбедување некаков имот, ниту пак мерка за обезбедување на негово присуство. Тоа треба СЈО да го побара.

-Она што јас го имам како сознание е дека Груевски се тагнал од Будимпешта. Но дали тој го направил директно од тоа или од Скопје или од друг град, тоа не можеме да го тврдиме. Тоа надлежните треба прво да го утврдат од каде е воспоставен линкот, дали станува збор за преусмерување на истрагата и слично. Може бегалецот да е во Скопје. Тие работи треба да се утврдат.

-Ако бегството е навистина случајно и бегалецот се наоѓа во Будимпешта нема многу допирни точки меѓу закани од убиство и политика односно со барање на политички азил. Македонија низ која што транзитираат голем број мигранти често пати истите бараат и имаат некој политички азил тие често пати се одбиваат. Ова сепак е многу шпекулативно и сепак судот официјално не би сакал да се произнесува по однос на тие шпекулации.

Целиот разговор со претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев погледнете го во видеото

Back To Top