(Видео) Централен дневник на 1ТВ: Бенефити на Македонија со членството во НАТО

Во Централниот дневник на 1ТВ гостин беше истражувачот од безбедносниот сектор Тимурленк Чековиќ, кој ги истакна безбедносните ефекти од влезот на Македонија во НАТО.
„НАТО е еден од светските сојузи и сите тие нудат бенефит, но ние сме на европски терен и тука НАТО е таа сила која ги управувва тие процеси. На таа база направивме анализа. Алтернатива нема, неутралноста не е прифатлива“, рече Чековиќ.
Во вториот дел гости беа Филип Поповски и Ина Крстевска, студенти од Машински факултет, кои говореа за велосипедот за прочистување воздух, кој има т.н филтри, кои се поставени на тркалата и при самото движење на велосипедот, прочистуваат воздух односно 9 метри кубни во секој километар. Ова е почеток на претставување на проектот на локалните власти, со цел тие да набават повеќе вакви велосипеди. Еден велосипед би чинел околу 1. 200 евра, а бенефитот е голем.
Целото видео од гостувањата, погледнете го во продолжение:
1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.