skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Тече рокот за нацрт-амандманите на Уставот, се најавува собраниско тело за помирување
Метју Палмер утре доаѓа во Македонија
За Русија остануваме Република Македонија
Трамп: САД ќе се повлечат од нуклеарниот договор со Русија
Саудиска Арабија призна дека Кашоги починал во Истанбул, 18 уапсени
Мексико ги отвори границите за жени и деца од „мигрантскиот карван“
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK

(Видео + фото) Град Скопје објави снимка за да докаже дека прска против комарци

(Видео + фото) Град Скопје објави снимка за да докаже дека прска против комарци
  • 10.08.2018

Град Скопје објави видео за да докаже дека утрови службите за прскање против комарци навистина излегле на терен, како што најави претходно во соопштение дека ќе се прска овие четири дена.

-Денеска почна третото продолжено и засилено прскање против комарци во Скопје. Поради зголемените врнежи во изминатиот период се создаде поволна клима за брзо размножување на комарците, па Град Скопје одлучи третото прскање наместо два дена да трае 4 дена со што се зголемува интензитетот на заштита, најавија од Градот.

Третото авионско прскање против возрасни форми на комарци, како што пишува во соопштението, е направено во раните утрински часови, а ќе се одвива и во наредните три дена, односно до 13 август (понеделник). Потоа, прскањето ќе продолжи од земја и ќе се одвива во деновите од 13 август до 17 август (од понеделник до петок), во период од 23 до 04 часот, наредниот ден.

Град Скопје најави уште уште две прскања против комарци кон крајот на август и на почетокот на септември.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top