skip to Main Content

(Видео) Филипче: Не е наше да попуваме, туку да обезбедиме услови за правото на абортус на жената

(Видео) Филипче: Не е наше да попуваме, туку да обезбедиме услови за правото на абортус на жената
  • 04.03.2019

По втор пат се отвори прашањето за  абортусот. Атмосферата на дебатата во Собрание се вжешти. Најголем дел од присутните го поддржаа новиот Предлог-закон. Имаше и такви кои се спротивставија на иститот. Правото на мајчинство, не е работа на судии, попови, оџи и политичари, туку право на жената-истакна министерот  за здравство Венко Филипче.

Атмосферата се вжешти откако претседателката на Хелсиншки Комитет Уранија Пировска се обрати од говорница.

Законските измени ги поддржа и пратеничката од опозициската ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова. Таа ги повика колегите од опозицијата да го поддржат законот.

Спротивставени ставови имаше Светлана Јовановска од Центарот за советување „ Срце што бие“.

Со новиот предлог-закон за абортус, на жената и треба да и  се овозможи поголема информираност за начинот на изведување на абортусот. Одлуката за прекинување на бременоста, жената ќе има право да ја донесе свесно и врз основа на информации. Пациентката нема да мора да чека 3 дена за да ја изврши интервенцијата и не мора да даде причина зошто сака да ја прекине бременоста.

Back To Top