skip to Main Content

(ВИДЕО) „Таргет-Тврдина“: Лазаревски првпат влегол во системот за прислушкување во 2008 година

(ВИДЕО) „Таргет-Тврдина“: Лазаревски првпат влегол во системот за прислушкување во 2008 година
  • 31.01.2019

Со џекче и мрежен кабел, во голема просторија поделена со параван на четвртиот кат во Управата за безбедност и контраразузнавање ги поврзал системот за следење на комуникациите со еден од неговите компјутери со кои работел системот за интегрирана гранична контрола. Така Ѓорѓи Лазаревски порано вработен во Управата за безбедност и контраразузнавање пристапувал до системите за следење на комуникациите во времето на масовно прислушување на граѓаните. Ова објаснување на Лазаревски беше дел од одговорите на прашањата на адвокатот Љупчо Шврговски и обвинетиот поранешен директор на УБК Сашо Мијалков на денешното рочиште за случајот „Таргет-Тврдина“. Мијалков уште праша дали Лазаревски се’ уште ги чува оригиналните докази од прислушуваните разговори.

„Не располагам со оригиналните логови кои што ги извадив тогаш, туку сѐ што беше предадено на обвинителството, беа оние снимки што ги извадив. Сè што е симнато од системот „веринт“, за кој ме прашувате е копија. Тоа беше копирање од диск, на кој беа чувани бројните прислушувани телефонски разговори“, одговори Лазаревски.

„Јас вам не ви верувам“, му рече Мијалков на Лазаревски откако доби негативен одговор на неколкуте дополнителни прашања за тоа зошто кај себе сега нема докази за неговиот пристап до системите за следење на комуникациите.

Лазаревски во детали одговараше и на прашањата за начинот на кој тој ги преземал прислушуваните разговори заедно со неговиот тогашен колега Ѕвонко Костовски.

На моменти тензичната атмосфера што владееше во судницата мораше да биде контролирана од судечкиот совет како што исто беа контролинарни и делови од судењето кога во судницата владееше општа смеа.

Случајот „Таргет-Тврдина“ на СЈО се однесува на незаконското прислушување на над 20.000 граѓани како и за уништување на опремата за следење на комуникациите.

Покрај Мијалков, обвинети во „Тврдина-Таргет“ се пребеганите во Грција поранешни вработени во МВР Горан Грујевски и Никола Бошкоски  ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и Тони Јакимовски, шеф на кабинетот на Мијалков.

Back To Top